Моментот на одлука: Промашувањето на играчот од 100 милиони што го чини Сити финале во ЛШ

Манчестер Сити минатото лето плати 100 милиони фунти за Џек Грилиш, а екс-капитенот на Астон Вила требаше да биде клучен играч во таборот на Пеп Гвардиола.

Не само што тоа воопшто не се случува, туку Грилиш беше трагичар на вечерашниот реванш со Реал, кога по неговиот промашен зицер домаќините се вратија, го одведоа мечот во продолжение и на крајот стигнаа во финалето.

Се играше 87. минута, а резултатот беше 0-1 за Сити кога Грилиш се најде во одлична позиција, успеа и да го матира Куртоа, но левиот бек Менди од самата гол-линија спречи втор гол на „граѓаните“. Тоа беше најава за лудата завршница на „Бернабеу“ во која домаќините на неверојатен начин стигнаа до билет за финалето во Париз.

Големото промашување на Џек Грилиш во Мадрид можете да го погледнете НА ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...