Монако доминира: Мбапе донесе водство, Фабињо промаши пенал

Фудбалерите на Борусија Дортмунд како се уште да се во шок по несаканата случка од вчерашниот ден, а Монако го искористи тоа, па „кнезовите“ по дваесетина минути игра водат на гостувањето во Германија.

Монако е подобар тим на почетокот од овој меч, а францускиот прволигаш пред голот, кој беше дело на Мбапе, имаше и промашен пенал преку Фабињо. За разлика од Бразилецот, младиот Мбапе не згреши, па на додавање на Лемар постигна многу значаен гол за својата екипа.Мора да се истакне и дека Монако доби судиска помош, бидејќи Мбапе се наоѓаше во офсајд, но тоа не беше забележано од страна на помошниот арбитар.

Fabinho Penalty Miss Borussia Dortmund 0-0 AS… by esprit-footKylian Mbappé Goal HD – Borussia Dortmund 0-1… by sportvideostv

Се вчитува...