Монако го зголеми шокот на „милионерите“

Монако ја совлада Борусија Дортмунд со 2-3 на „Сигнал Идуна парк“ и направи голем чекор напред кон пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите. Очигледно дека „милионерите“ не можеа така брзо да се опорават од шокот по синоќешниот бомбашки напад што беше извршен над автобусот на тимот.

Фабињо во 17.минута не реализира пенал за „кнезовите“, но само две минути подоцна Килијан Мбапе го постигна водечкиот погодок за Монако. Тој беше во офсајд позиција, но судиите тоа не го забележаа. Во 35.минута, Бендер си постигна автогол и „милионерите“ се најдоа во многу тешка ситуација.

Дембеле во 57.минута намали на 1-2, но Мбапе и вторпат стрелаше во мрежата на Бурки во 79.минута. Кагава постигна втор гол за Борусија Дортмунд на пет минути до крајот, но избраниците на Томас Тухел немаа сили за израмнување.

All Goals & Highlights HD – Borussia Dortmund 2… by Jek09Pre

Се вчитува...