Монако ја одреди цената за Мбапе: Платете 130 милиони евра и ќе го добиете!

Францускиот клуб Монако ја одреди цената за новата сензација на европскиот фудбал, нивниот член Килијан Мбапе. Младиот 18-годишен напаѓач блесна во полн сјај оваа сезона, сериозно се заинтересираа за него неколку европски гиганти меѓу кои и Реал Мадрид, ПСЖ, Арсенал и Манчестер сити, но ќе мора да платат огромни 130 милиони евра доколку сакаат да го имаат во своите редови.

Раководството на Монако одлучи дека Мбапе не е за продажба, но со оглед на европскиот пазар, секој заинтересиран клуб ќе треба да плати 130 милиони евра, што би бил и нов рекорд за најголем трансфер, доколку го сака Мбапе. Оваа сезона Килијан Мбапе одигра 32 натпревари во дресот на Монако и постигна девет гола, а доби повик во А-репрезентацијата на Франција.

Се вчитува...