Монако немаше милост и за Нант

Монако повторно има три бода предност на врвот на табелата во францускиот шампионат откако го совлада Нант со убедливи 4-0 на домашен терен. „Кнезовите“ овојпат беа без помошта на Радамел Фалкао, но и тоа воопшто не ги одврати од намерата да остварат лесен и сигурен триумф.

Мбапе уште во четвртата минута му донесе водство на домашниот тим, Жермен зголеми на 2-0, а Мбапе уште еднаш погоди до крајот на првиот дел. Фабињо од пенал во 59.минута го постигна четвртиот гол за Монако и беше јасно дека „кнезовите“ ќе ги прокнижат бодовите.

All Goals & highlights HD – AS Monaco 4-0… by riqezi

Се вчитува...