Додека чека спасение во форма на нов сопственик, а него го нема никаде на повидок, Монако се соочува со судски постапки поради повеќемилионски долгови.
Новокрунисаниот шампион на Франција веќе доби забрана за натпреварување во елитната лига следната сезона, во меѓувреме го изгуби правото да учествува во Евролигата, а проблемите постојано се натрупуваат.
Според утврдената ситуација, клубот должи повеќе од 24 милиони евра.
За време на рочиштето во петокот наутро, администраторот назначен од судот задолжен за проверка на работењето на клубот изјави дека обврските на клубот на крајот на јуни изнесуваат повеќе од осум милиони евра, покрај 16-те милиони претходно утврдени од Националната финансиска компанија (SNF).
На клубот му се закануваше такво сценарио на почетокот на годината, но само благодарение на интервенцијата на државата беше спречено да се затвори и да престане да се натпреварува.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
