Монако си најде нов англиски „пациент“

Монако повторно приреди сензација во ЛШ како пред неколку сезони, кога во осминафиналето го елиминираше Арсенал. „Кнезовите“ повторно пред себе имаа „англиски пациенти“ за кои го најдоа лекот, па и покрај поразот од 5-3 на првиот меч со Манчестер сити фудбалерите на Монако вечерва во фантастичен натпревар славеа со 3-1, за место меѓу најдобрите осум екипи на Стариот континент. За победата да е уште послатка, таа беше извојувана без помошта на најдобриот стрелец Радамел Фалкао, како уште еден доказ дека колективот е главна одлика на овој млад и суперталентиран тим од „малото кнежевство“.

Гвариола се реши за стартна формација без Јаја Туре, а со тоа ја загуби неопходната цврстина на средината на теренот. „Граѓаните“ лесно ги губеа топките, што придонесе во текот на првото полувреме да немаат ниту еден единствен шут кон противничкиот гол. На спротивната страна Монако делува многу подобро, „кнезовите“ точно знаеја што сакаат и трпеливо ги создаваа шансите што потоа ги претвораа во погодоци. На полувреме резултатот гласеше 2-0 по двете одлично изработени акции, по кои Мбапе и Фабињо се најдоа на вистинско место и донесоа одлична предност, која значеше и пласман на Монако во следната рунда.

Беше јасно дека Манчестер сити не може да игра така катастрофално цели 90 минути, па „граѓаните“ се разбудија во второто полувреме. Де Бруин одлично го исфрли Стерлинг, но англискиот репреззентативец премногу чекаше да го проигра Агуеро и шансата пропадна. Веднаш потоа две одлични можности не реализираше Агуеро, но беше јасно дека одбраната на Монако почнува да потклекнува. Тоа го искористи Сане, кј во 71. минута го постигна толку посакуваниот гол за Сити, откако Субашиќ кратко ја одби топката по одличниот шут на Стерлинг.

Изненадувачки, гостите по постигнатиот гол повторно застанаа, дозволувајќи му на Монако да се врати во својот препознатлив ритам. Гвардиола и неговите избраниците ја платија цената за тоа во 77. минута, кога Бакајоко се снајде најдобро по еден центаршут и со прецизен удар со глава донесе нова еуфорија меѓу домашните фанови на „Луј втори“, за водство од 3-1. Сити тргна на се или ништо, во игра влезе Ихеаначо на местото на Клиши, но англискиот гигант не успеа да создаде ниту една стопроцентна панса до крајот, па овој меч заврпи со победа на Монако од 3-1 и пласман на „кнезовите“ во следната фаза од елитното европско натпреварување.

1-0 Kylian Mbappe GREAT Goal HD – AS Monaco vs… by gentsogojeva

Fabinho Goal HD – Monaco 2-0 Manchester City… by jackeddine

Leroy Sane Goal – Monaco vs Manchester City 2-0… by GoalsportT Bakayoko Sane Monaco 3 – 1 Manchester… by smoki-bobi

Се вчитува...