Монако уште еднаш ги подбра „милионерите“

Монако е полуфиналист во Лигата на шампионите, откако и по вторпат ја совлада Борусија Дортмунд, овој пат пред своите гледачи со 3-1. Во дуелот на двете офанзивни екипи, „кнезовите“ многу подобро се снајдоа на планот на реализација и заслужено се најдоа меѓу четирите најдобри екипи во елитното натпреварување.

Монако имаше триумф од 3-2 од првиот меч во Германија, но продолжи да напаѓа и на реваншот. Килијан Мбапе уште во третата минута го отвори резултатот, а Радамел Фалкао во 17.минута зголеми на 2-0. Беше тоа најава дека нема ништо од заканите на „милионерите“ дека ќе возвратат со иста мера во Франција.

Во вториот дел, мала надеж за германскиот тим се појави по голот на Марко Ројс во 48.минута, но тимот на Томас Тухел немаше сили за да продолжи во ист голгетерски ритам.

Жермен во 81.минута постигна трет гол за Монако за конечни 3-1 на овој дуел, и сигурен пласман на Монако во полуфиналето на ЛШ.

All Goals & Highlights HD – Monaco 3-1 Borussia… by Bayeo

Се вчитува...