Монеке со една изјава го нокаутираше тренерот на Звезда

Саша Обрадовиќ се наоѓа на работ на отказ од Црвена Звезда по новиот катастрофален настап на вечното дерби со Партизан, петти пораз на последните шест дуели со овој ривал и елиминација во полуфиналето на АБА-лигата.

Се поочигледно е дека српскиот стратег нема контрола и авторитет над бројните ѕвезди во тимот, а потврда за тоа е и изјавата што ја даде Чима Монеке, еден од најдобрите играчи на Црвена Звезда, веднаш по вчерашниот пораз.

„Немаме никаква конекција со тренерот, апсолутно никаква… Тоа се одразува и врз играта и врз резултатите“, прокоментира Монеке.

„Мислам дека знаете за што зборувам…. изгледа како да немаме врска штот реба да правиме ни во нападот, ни во одбраната. Секој игра индивидуално, изолација, дриблинг… така не смее да биде… Зборував на оваа тема и порано, на некоја средба ќе ни оди шутот, па ќе победиме, но кога проблемот е во пристапот, секогаш излегува на површина“, додаде одличниот крилен центар.

Се вчитува...