Moнфис се шегувал со супервизорот кој добил повреда, па морал да заработи дисквалификација од турнир во Осло

Францускиот тенисер Гаел Монфис е дисквалификуван од турнирот во Осло бидејќи, според официјалните лица, го повредил супервизорот Стефан Апостолу.

Имено, во соблекувалната имало „разговор“ меѓу Монфис и Апостолу, кој на крајот резултирал со полесна повреда на супервизорот.

„УТС се радува што немаше злонамерна намера од страна на Гаел, но поради повредата што ја заработи службеникот, каква и да беше, почувствувавме дека нема друга опција освен да го дисквалификуваме Гаел. Гаел ја прифати дисквалификацијата и тој и супервизорот се разделија во пријателски тон“, се вели во соопштението.

На турнирот во Осло учествуваат Каспер Руд, Холгер Руне, Андреј Рубљов, Беноа Пер, Доминик Тием, Алекс де Минор и Александар Бублик.

 

Се вчитува...