Монпелје со убедлива победа над ГОГ

Ракометарите на поранешниот европски шампион Монпелје стигнаа до лесна победа на домашен терен против дански Гог од 36-25.

Французите уште во првото полувреме беа подобар противник па на пауза заминаа со три гола позитива 16-13. Во вториот дел на вистински начин го прегазија противникот за конечни 36-25.

Лукас Пелас со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 11 погодоци на Мадсен.

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...