Интересна изјава на селекторот на Турција, Винченцо Монтела пред утрешниот пријателски натпревар со Македонија кој е всушност испраќање на турската селекција на СП 2026 во САД, Канада и Мексико.
Италијанецот Монтела со максимален респект зборуваше за македонската селекција, нагласувајќи дека ќе имаат одличен тест пред заминувањето за САД.
„Да бидам искрен, ја избравме Македонија за пријателскиот натпревар бидејќи играат сличен фудбал како Австралија, која е наш противник на Светското првенство. И мора да кажам дека не постојат пријателски натпревари кога е националниот тим во прашање. Секој резултат е важен и така ќе биде и утре“ – истакна Монтела, притоа дополнувајќи дека ќе комбинираат составот.
„Да, ќе има различни играчи против Македонија, но сè ќе се сведе на стилот на игра. Ќе комбинираме со играчите затоа што и не сакаме несакани повреди“.
Турција и Македонија ќе играат утре од 18:30 часот на стадионот “Шукру Сарачоглу“ во Истанбул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
