Монтела пред отказ во Фиорентина

Италијанскиот калчолигаш Фиорентина размислува за разделба со тренерот Винченцо Монтела. „Виолетовите“ немаат победа на девет натпревари во Серија А, а синоќа доживеаја дебакл (1-4) од Рома на домашен терен. Билансот на Монтела е поразителене, само шест победи на 27 натпревари, со седум ремија и дури 14 порази.

„Не е лесно да се пронајде вистинско решение, но нашето трпение има граници. Ова е многу тежок момент за нас и им должиме извинување на навивачите. Не очекувавме да се најдеме во ваква ситуација и ќе мораме сето ова внимателно да го анализираме. Ќе имаме состанок со претседателот Комисо, а потоа ќе ги соопштиме одлуките. Тој бара реакција. Никогаш на никого не му дал отказ, но ова е компликувана ситуација без разлика на некои несреќни околности“, изјави спортскиот директор на Фиорентина, Даниеле Праде.

Фиорентина во моментот се наоѓа на 14.позиција на табелата во Серија А со 17 освоени бода.

 

Се вчитува...