Монтела се враќа назад во Фиорентина

Винченцо Монтела е изборот на раководството на Фиорентина за нов тренер на „виолетовите“ откако Стефано Пиоли вчера си поднесе оставка. Поранешниот стратег на Милан и Севилја веќе пристигна во Фиренца, а во текот на денешниот ден ќе следи и потпис на договорот. Како што јавуваат италијанските медиуми, Монтела ќе потпише до крајот на 2020 година, со можност за продолжување на соработката за уште една дополнителна сезона.

„Секогаш сум среќен кога доаѓам во Фиренца. Тоа е се што можам да кажам во моментов“ – кратко прокоментира Винченцо Монтела.

Овој стратег седеше на клупата на Фиорентина од 2012 до 2015 година, под негово водство „виолетовите“ редовно завршуваа на четвртото место на табелата. Најголем успех му беше пласманот во полуфиналето од Лигата на Европа во 2015 година, кога беше елиминиран од Севилја.

Се вчитува...