Монтреал нема да ги види Ѓоковиќ и Синер

Наредниот Мастерс-турнир што ќе се одржи од 3 до 10 август во Монтреал ќе биосладе значително ослабен откако своето учество вечерва го откажаа и Новак Ѓоковиќ и првиот носител Јаник Синер.

Србинот не игра во Монтреал уште од 2018 година, серија што ја продолжи и овојпат, решавајќи да си земе продолжен одмор по Вимблдон за максимално подготвен да го дочека претстојното издание на УС Опен.

Поголемо изненадување е потегот на Синер, кој славеше на сите пет Мастерс-турнири во 2026 и имаше можност да стане прв во историјата со сите девет пехари на овие турнири во една календарска година. Сепак, Синер се почувствувал преморено по Вимблдон, па како и Ѓоковиќ се реши за продолжен одмор.

Од претходно својот настап го имаше откажано и Карлос Алкараз, па главна ѕвезда годинава во Монтреал ќе биде вториот светски рекет Александар Зверев.

Се вчитува...