Мората блесна за Челси во ФА купот

Челси се пласира во 1/16-финалето на ФА купот на Англија, откако на „Стемфорд бриџ“ го совлада Нотингем Форест со 2-0. Алваро Мората беше стрелец на двата гола за лондонските „сини“. Тој го отвори резултатот во 49.минута, а десет минути подоцна уште еднаш ја затресе противничката мрежа. Во првиот дел, Цеск Фабрегас не реализираше пенал за домашниот состав.

Евертон го елиминираше нисколигашот Линколн, победувајќи го со 2-1 на домашен терен. Лукман и Бернард беа стрелци за „карамелите“, а Боствик погоди за гостинскиот тим. Мидлсборо беше убедлив и го совлада Питерборо со 5-0.

 

Се вчитува...