Мората и Саул донесоа триумф за Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид го совлада Вилјареал со 2-0 на „Ванда Метрополитано“ и ја продолжи потерата по лидерот Барселона. Тимот на Диего Симеоне сега има 50 освоени бода на втората позиција на табелата, седум помалку од каталонскиот гигант.

Алваро Мората го постигна својот прв гол во дресот на Атлетико Мадрид во 31.минута, а триумфот го потврди Саул Нигез во 88.минута од дуелот.

Вилјареал со 23 бода се наоѓа во опасната зона на табелата во Ла Лига.

Се вчитува...