Мората: Одам кај тренерот што има најголема верба во мене

Алваро Мората е ново засилување за англискиот првак Челси. Тој потпиша петгодишен договор, ќе заработува 9 милиони евра по сезона на „Стемфорд бриџ“ и веќе го напушти кампот на Реал Мадрид, упатувајќи се кон својата нова дестинација. Ќе се придружи на тимот на Антонио Конте, и вели дека има голема доверба во него.

„Јас имам голема доверба во тренерот, кој покажа дека има огромна доверба во мене. Инсистираше да дојдам во Челси, и на крајот овој трансфер се реализираше. Го напуштам Реал Мадрид по вторпат, и мислам дека третпат нема да се вратам, но којзнае…Имав чудно лето, а последен пат го носев дресот на Реал Мадрид на Сибелес, кога ја славевме европската шампионска титула. Ќе ми остане во вечно сеќавање, исто како и овој изминат период. За фудбалерите на Реал, тие и понатаму ќе бидат мои големи пријатели. Сега ме очекува нов голем предизвик во Премиер – лигата и едвај го очекувам“, изјави Алваро Мората.

Се вчитува...