Мората: Само поради нас останатите селекции изгледаат многу лошо

Напаѓачот на Челси и шпанската репрезентација Алваро Мората вели дека поради Шпанија останатите селекции изгледаат на теренот далеку полошо отколку што реално се.

Шпанците синоќа славеа против Костарика со 5-0, а Мората го постигна вториот гол за „црвената фурија“.

„Во последно време едноставно со нашите изданија на терен правиме останатите тимови да изгледаат далеку полошо од тоа што реално се. Одигравме одличен меч против Италија (3-0), а слично беше и со Костарика. Добро е кога ќе влеземе во ритам, сите се чувствуваме убаво“ – вели Мората, испраќајќи и пофални зборови за поранешниот соиграч од Реал Мадрид, Иско.

„Иско? Тој е феномен и ова е негов дом, негово место и се додека тој е среќен и ние сме“ – рече Мората.

Се вчитува...