Морбидели најдобар на втората трка во Арагон

Италијанскиот мотоциклист на Јамаха, Франко Морбидели стигна до убедлива победа на втората трка од Мото ГП шампионатот во Арагон. Второто и третото место му припадна на двоецот на Сузуки, Алекс Ринс и Жоан Мир, двајца мотоциклисти кои и минатата недела се најдоа на подиумот на истата патека.

Во топ 5 уште се најдоа и Пол Еспаргаро и Жоан Зарко. Трката не ја заврши Алекс Маркез кој минатата недела беше втор, додека повторно слаб викенд имаа Маверик Вињалес и Фабио Квартараро кои завршија на 7. и 8. позиција.

Во генералниот пласман, Жоан Мир останува прв со 137 бода, пред Фабио Квартараро и Маверик Вињалес. Во игра за освојување на титулата во најчудната сезона во историјата влегуваат и Франко Морбидели и Алекс Ринс.

Се вчитува...