Навивачите на сплитски Хајдук, популарните „Торцида“ реагираа на последниот скандал кој го тресе хрватскиот фудбал со снимките објавени во јавност од ВАР-собата на мечот против Вараждин, и изјавата на претседателот на судиската комисија, Бруно Мариќ.
Мариќ одржа денеска прес-конференција како би објаснил што се случувало во комуникацијата меѓу судиите.
Но, токму ВАР-снимката во која судиите велат меѓу себе дека требало да се разгледа ситуацијата пред да се признае голот на Вараждин, ги разбесна навивачите на Хајдук кои објавија морничав транспарент со отсечена глава на Бруно Мариќ, притоа со свое соопштение околу целата ситуација…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА