Мотив плус пред баражот: РФМ со премија од 50.000 евра за пласман на СП 2023

Ракометната Федерација на Македонија обезбеди премија од 50.000 евра за нашите ракометни репрезентативци, доколку обезбедат пласман на СП 2023.

Во пресрет на двомечот против Чешка, селекција што е последна пречка на патот до мундијалот, челниците на РФМ на овој начин дополнително ги мотивираат репрезентативците да остварат позитивен резултат на натпреварите во Злин и во Скопје.

Одлуката е донесена согласно Член 35 од Статутот поради итност на донесување на одлуки согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство”, а беше изгласана едногласно од членовите на Управниот Одбор.

Се вчитува...