Мотив плус: Премиите за ракометарите на СП – од 30.000 до 60.000 евра

Ракометната Федерација на Македонија повторно подготви богати премии за репрезентативците, како мотив плус за добри игри и резултати на претстојниот мундијал што ќе се одржи во Полска и во Шведска.

Нашата експедиција утре со чартер лет ќе отпатува за Краков, а дополнителна мотивација за Кире Лазаров и неговите избраници ќе бидат премиите најавени во зависност од резултатите на националниот тим.

Една победа во Краков што би значела и пласман во главната рунда ќе донесе награда од 30.000 за нашите ракометари и стручниот штаб. Ако се забележат две победи на трите натпревари против Норвешка, Аргентина и Холандија, тоа ќе значи премија од вкупно 45.000 евра, а највисоката предвидена премија за ракометарите би изнесувала 60.000 евра, ако се забележат максимални три победи во Краков.

Доколку се пласираме, потоа за втората фаза во Катовице ќе значи и дополнителни 15.000 евра за нашиот национален тим.

Се вчитува...