Мотивација плус за Шпанците: По 400.000 евра за секој играч ако „фуријата“ го освои мундијалот

Шпанската фудбалска репрезентација ќе добие голем бонус доколку успејат да го освојат Светското првенство во Русија. Фудбалската федерација ќе им додели по 400.000 евра на секој репрезентативец доколку повторно станат владетели на најпосакуваниот пехар, како мотивација повеќе за враќање на врвот.

Значи, вкупниот бонус ќе изнесува околу 9.2 милиони евра само за фудбалерите, бонусите за стручниот штаб не се вклучени во оваа сума.

Во 2010 година кога шпанската селекција за прв пат го освои мундијалот, бонусот за секој играч изнесуваше 300.000 евра, додека во 2014 година на СП во Бразил изнесуваше високи 720.000 евра бонус за секој играч, но тогаш Шпанија претрпе елиминација уште во групната фаза.

Се вчитува...