Мото ГП: Бањаја е незапирлив во Херес

Франческо Бањаја ја продолжи својата доминација на патеката во Херез откако возачот на Дукати трета година по ред триумфираше на трката за ГН на Шпанија како дел од Мото ГП шампионатот.

Денешната трка ја одбележа жестока борба на Бањаја со Марк Маркез, во која актуелниот првак успеа да излезе како победник. Мартин и Маркез имаа предност во голем дел од трката, но Бањаја трпеливо чекаше грешка на големите ривали и кога му се укажа шанса успеа да излезе на чело на колоната.

Последните пет круга минаа во битка меѓу Бањаја и Маркез, по еден контакт на моторите Маркез за кратко излезе на првото место, но Бањаја успеа да се врати на чело, за на крајот да триумфира со 0,372 секунди подобро време од големиот ривал.

Третото место му припадна на Марко Бецеки од ВР 46, со заостанување од речиси четири секунди зад победникот.

Се вчитува...