Мото ГП: Деби победа на Квартараро, тежок пад на Маркез (ВИДЕО)

Возачот на Петронас Јамаха, Фабио Квартараро триумфираше на трката за Големата награда на Шпанија со која почна сезоната во Мото ГП шампионатот и ја забележа деби победата во кралската класа. Второто место со четири секунди заостанување му припадна на Маверик Вињалес на Јамаха, а на третото скалило на подиумот се качи возачот на Дукати Андреа Довициозо.

Покрај победата на Квартараро трката мина и под знакот на тешкиот пад на Марк Маркез. Актуелниот првак излета од патеката, сепак стана на нозе, но за него трката беше завршена. Според информациите од Мото ГП тој е пренесен во блискиот медицински центар на проверки.

 

 

Се вчитува...