Мото ГП: Довициозо пред Шпанците на „Каталуња“

Андреа Довициозо продолжи со одличните настапи во Мото ГП шампионатот, откако италијанскиот мотоциклист попладнево триумфираше и на патеката „Каталуња“ кај Барселона. Вообичаено главни фаворити за титулата на оваа трка се бројните врвни шпански возачи, но Довициозо овојпат одговори на предивикот, извозе перфектна трка и заслужено се искачи на највисокото место на пиедесталот.

Тој водеше во поголемиот дел од трката, оставајќи го зад себе Марк Маркез на втората позиција, третопласиран беше Дани Педроза, а на четвртата позиција се најде уште еден Шпанец, Хорхе Лоренцо. „Докторот“ Валентино Роси извозе уште една слаба трка освојувајќи го осмото место, а денеска потврди и лидерот во генералниот пласман, Маверик Виналес, со пласман на десеттата позиција.

Виналес останува на чело со 111 бода, но сега има само седум повеќе во однос на Довициозо на втората позиција, по кого следат Маркез со 88, Педроза со 84 и Роси со 83 бода.

Се вчитува...