МОТО ГП: Хаос во Индонезија, стартот на трката одложен поради дожд, Маркез заврши во болница

Хаотичен почеток на втората трка од МОТО ГП шампионатот. Почетокот на денешната трка во Индонезија беше одложен, поради обилни врнежи од дожд.

Претходно на тренингот шесткратниот шампион Марк Маркез доживеа пад во 7. круг со што со хеликоптер беше пренесен во болница. Иако не се регистрирани посериозни повреди, сепак, тимот на Маркез одлучи тој да остане на дополнителни прегледи.

Маркез во текот на викендот имаше дури четири пада. На првата трка во Катар го освои петтото место.

Трката за ГН на Индонезија требаше да стартува во 8:10 по македонско време.

Се вчитува...