Мото ГП: Квартараро победи во Португалија, Маркез се врати на патеките и заврши седми

Возачот на Јамаха, Фабио Квартараро e победник на третата трка сезонава во Мото ГП, која се возеше за Големата награда на Португалија.

Квартараро дојде до шестата победа во кариерата, успевајќи да ја добие битката со Алекс Ринс од Сузуки на трката.

Сепак, трката мина и во знакот на враќањето на осумкратниот светски шампион Марк Маркез кој ја возеше првата трка, по јули 2020 година. На крајот Маркез заврши на седмото место.

Во генералниот пласман по три трки сезонава, Квартараро е прв со 61 бод, а по него се Бањаја со 46 бода и Вињалес со 61 бод.

Се вчитува...