Мото ГП: Лоренцо победник на трката во Италија

Шпанецот Хорхе Лоренцо ја забележа првата победа за тимот на Дукати триумфирајќи на италијанското гранпри од Мото ГП шампионатот. Трикратниот шампион Лоренцо се мачеше по напуштањето на Јамаха во 2016 година, но успеа за овој триумф да го победи тимскиот партнер Андреа Довициозо.

Валентино Роси со освојувањето на третата позиција стана првиот мотоциклист кој освоил 5.000 поени во ‘кралската класа’.

Марк Маркес немаше многу среќа во Италија, заврши на 16.позиција, но останува сигурен лидер по пет трки од шампионатот во Мото ГП.

Се вчитува...