Мото ГП: Марк Маркез се поблиску до одбрана на титулата

Возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез ја забележа шестата сезонска победа во Мото ГП шампионатот и ја зголеми предноста во однос на конкурентите во трката за шампионската титула. Маркез триумфираше на трката од Мото ГП шампионатот во Арагон.

Бранителот на титулата се бореше во текот на целата трка со најголемиот ривал за трофејот, Андреа Довициозо на Дукати. Клучниот чекор за триумфот го направи преземајќи ја лидерската позиција на три круга пред крајот. За Маркез ова е трета победа во кариерата на патеката во Арагон.

Вториот возач на Дукати, Хорхе Лоренцо кој ја имаше пол позицијата излета уште во првиот круг.

Довициозо заврши на втората позиција, а третото место на подиумот му припадна на Андреа Јаноне.

Со овој триумф, Маркез има 246, односно 72 повеќе од Довициозо. До крајот од сезоната има уште пет трки. Следната е по две седмици на Тајланд.

 

 

 

 

Се вчитува...