Мото ГП: Маркез е „недопирлив“ во Германија

Марк Маркез го презеде водството во генералниот пласман во Мото ГП шампионатот откако Шпанецот попладнево триумфираше на германското гран-при. Ова беше петта победа во низа за Маркез на патеката Заксенринг, со што тој ја продолжи својата доминација кога станува збор за трките во Германија за кои Шпанецот не крие дека му се меѓу омилените во Мото ГП.

Тој на самиот почеток од трката ја загуби пол-позицијата од Јохан Фолгер, но со трпеливо возење дочека грешка на противникот, се врати на чело на колоната и заслужено триумфираше на оваа трка. Фолгер на крајот мораше да се задоволи само со второто место, додека третопласиран беше Дани Педроза, пред Маверик Вињалес и Валентино Роси.

Маркез со оваа победа се искачи и на првото место во генералниот пласман со вкупно 129 бода, пред Вињалес со 124 и Довициозо со 123 бода.

Се вчитува...