Мото ГП: Милер набрз на Ле Ман, нов малер за Марк Маркез

Џек Милер продолжува со добрите изданија во Мото ГП шампионатот откако возачот на Дукати славеше на денешната трка на патеката Ле Ман, втор триумф во низа за Милер, кој најавува и вмешување во битката за шампионската титула. Со овој триумф, Милер стана првиот Австралиец што врзал две победи во серија во Мото ГП откако тоа му успеа на Кејси Стонер во 2012 година.

Марк Маркез беше најголемиот губитник на оваа трка, поранешниот светски првак успеа да излезе на чело на колоната, но во деветтиот круг имаше незгоден пад по кој го загуби пласманот. Маркез ја продолжи трката, но неколку круга подоцна имаше нов пад, по што и дефинитивно се повлече во гаражата на својот тим.

Зад Милер денешната трка на втората позиција ја заврши Јохан Зарко од Франција, а на пиедесталот во Ле Ман имаше место за уште еден домашен возач, откако Квартараро ја освои третата позиција.

Се вчитува...