Мото ГП: Победа за Мартин, Маркез и Бањаја се исфрлија еден со друг

Возачот на Прамак, Хорхе Мартин е победник на лудата трка за големата награда на Португалија во кралската класа во Мото ГП шампионатот. Шпанецот до победата стигна пред Енеа Бастианини на Дукати.

Подиумот го надополни младиот Педро Акоста на Ред Бул. Во топ 10 се најдоа уште и: Биндер, Милер, Безеки, Квартараро, Еспаргаро, Оливеира и Ди Џантонио.

Повторно неверојатен дуел имаа Марк Маркез и Франческо Бањаја кои по својот дуел и двајцата завршија со пад. Маркез се врати и го освои 16. место, додека актуелниот шампион Бањаја не ја заврши трката.

Се вчитува...