Мотоциклист  „за влакно“ избегна смрт на Интерлагос (ВИДЕО)

Дел од секунда и неверојатна среќа го спаси мотоциклистот Данило Берто од сигурна смрт на трката во супербајк на патеката Интерлагос во Бразил.

Берто на стартот падна од моторот на средина на патеката и за влакно избегна смрт. Тој успеа да стане и да се тргне од патеката додека кон него доаѓаше друг возач со огромна брзина. Брзата реакција во дел од секундата го спаси Берто од потешка несреќа која можеше да заврши и фатално по неговиот живот.

Се вчитува...