Мозес уште четири години во Челси

Десниот бек на лидерот Челси, Виктор Мозес стави потпис на новиот четиригодишен договор, откако се покажа како откровение на Антонио Конте на позицијата десен бек во новата формација на италијанскиот стратег. Лондонскиот клуб го награди Мозес со нов договор, по што нигерискиот интернационалец ќе остане на „Стемфорд бриџ“ до јули 2020 година.

Се чуствувам фантастично. Благодарен сум му на Конте што ми даде шанса да се покажам, мило ми е што можам да му вратам за тоа со позитивните резултати. Тимот има одлична сезона, сите играат на високо ниво, а покрај нив и јас се подобрувам секој ден. Среќен сум што ќе бидам тука уште четири години, се надевам дека ќе оставам и повеќе“ –изјави Виктор Мозес по потпишувањето на новиот договор.

Мозес во Челси пристигна од Виган во 2012 година за сума од 9 милиони фунти, а од тогаш има одиграно 72 натпревари за „Сините“, од кои 25 настапи се оваа сезона, а во нив има постигнато 3 гола и 3 асистенции. Во претходните сезони тој беше позајмуван на различни екипи, но откако доби шанса кај Антонио Конте максимално ја искористи, па сега е меѓу најстандардните во редовите на лондонскиот клуб.

Се вчитува...