Може ли Вилјареал до нова сензација во Лигата на шампионите?

Ливерпул ќе го пречека Вилјареал во првиот натпревар од полуфиналниот двомеч во годинашното издание од Лигата на шампионите. Шампионот од 2019 година е голем фаворит во двомечот против клубот од градот со најмал број на жители кој што стигнал до оваа фаза во елитното натпреварување.

Додека Ливерпул го имаше само Интер како топ противник во претходните две фази од натпреварувањето, тимот од Шпанија на патот до четирите најдобри ги елиминираше Јувентус и Баерн Минхен.

Унаи Емери заврши неверојатна работа во клубот од „Ел мадригал“, откако минатата сезона ја освои Лигата на Европа во финалето против Манчестер јунајтед, преку која обезбеди и пласман во елитата.

Натпреварот меѓу Ливерпул и Вилјареал кој ќе се игра на „Енфилд роуд“ е закажан за 21 часот.

Се вчитува...