Можен ли е пресврт, Ноле најави патување во Мелбурн? (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ продолжува да ја одржува тензијата и неизвесноста во врска со своето учество на Отвореното првенство на Австралија, па дури и организаторите сé уште не кажуваат дали најдобриот светски тенисер ќе ја брани титулата во Мелбурн или не.

Овие денови, Ѓоковиќ се подготвува во Марбеља за почетокот на новата сезона, но распоредот на турнирите на кои ќе учествува во наредниот период е сé уште непознат. Меѓутоа, на еден медиум од Австралија се појави снимка на која Новак даде изјава со која го привлече вниманието на социјалните мрежи.

Имено, една девојка успеала да му се приближи на Новак во Марбеља и му посакала среќа на Отвореното првенство на Австралија, на што Србинот и возвратил со позитивен одговор:

„Фала, многу”, потенцираше Ноле.

Дали е само љубезен одговор, или најава за одење во Мелбурн, останува да видиме во претстојната недела.

 

 

 

Се вчитува...