МОЖЕН СОСТАВ: Муслиу се враќа во одбрана, Миовски или Јаховиќ во нападот!?

Со две измени од мечот со Лихтенштајн, Македонија би требало да тргне во вечерашната пресметка со Германија. Формацијата нема да се менува, а се очекува составот да претрпи два измени.

Така местото во нападот ќе го завземе Адис Јаховиќ кој се очекува да стартува на местото на Милан Ристовски, иако до последен момент во комбинација останува и Бојан Миовски. Селекторот Благоја Милевски за вечерашната пресметка не планира никаква измена во средниот ред, односно одиме со Чурлинов и Трајковски по крилните позиции, и Елмас по средината. Како последни играчи за врска Аријан Адеми и Стефан Спировски.

Една измена се очекува да има и во одбраната. Муслиу се очекува да се врати во одбраната заедно со Велковски. Алиоски оди како лев бек, додека Стефан Ристовски десно. На голманската позиција стандарно Столе Димитриевски.

 

Се вчитува...