Можеше да се сити, но Серхио Рамос покажа дека е голем човек

Серхио Рамос уште еднаш ја покажа својата човечка и професионална големина, со зборовите за поддршка кон сите членови на шпанската репрезентација по неуспехот и елиминацијата од Мароко во осминафиналето од СП 2022.

Тој беше избришан од Луис Енрике иако има 180 настапи за „црвената фурија“ и настапува во одлична форма за ПСЖ, многумина очекуваа дефанзивецот да се сити на неуспехот на својата земја, но Рамос го стори токму спротивното.

„Денеска,повеќе од било кога, сум горд на нашето знаме, на нашата држава и на нашите играчи. Шпанија не губи, Шпанија учи. Шпанија паѓа, но станува и продолжува да чекори напред. Ќе се вратиме и ќе бидеме уште посилни. Напред Шпанија“, напиша 36-годишниот Серхио Рамос на својот инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sergio Ramos (@sergioramos)

Се вчитува...