„Можев да бидам како Меси и Роналдо, но сакав да си пијам вино за вечера“

Весли Снајдер смета дека можел да биде добар колку Лео Меси или Кристијано Роналдо, но едноставно не бил подготвен да прави толку голема жртва. Холанѓанецот кој ја заврши фудбалската кариера вели оти сакал понекогаш и да пие вино за вечера. Тој важеше за еден од најдобрите во светот на неговата позиција во периодот кога беше на врвот од кариерата.

„Можев да станам Меси или Роналдо, но едноставно не сакав, сакав малку и да уживам во животот, да се напијам вино за вечера. Не сакав да ги правам жртвите што ги прават тие. И за мене е тоа во ред, мојата кариера сепак беше неверојатна“ – вели Снајдер.

Весли Снајдер кариерата ја почна во Ајакс, во 2007 се пресели во Реал Мадрид, најдобриот период во кариерата веројатно го имаше во Интер со кој во сезоната 2009/10 под водство на Жозе Мурињо ја освои титулата во Серија А, во Купот на Италија и трофејот во Лигата на шампионите. Беше значаен дел од холандската репрезентација.

 

 

Се вчитува...