Можниот состав на Македонија: Формацијата иста, 2-3 замени во стартните 11

ЕКИПА во Истанбул, Турција
Горан Бошев

Турција ќе ја тестира силата на Македонија вечерва на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул. Арената на која игра гигантот Фенербахче, ќе биде преполна во мечот во кој Турците ја имаат првата „проба“ пред настапот на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.

Македонија ќе треба да ја „глуми“ Австралија. Барем така најавија Турците вчера на прес-конференцијата.

Вечерва селекторот Гоце Седлоски ќе направи неколку измени во однос на составот кој играше против БиХ.

Така на десната страна се очекува да се најде Чурлинов, додека во средниот ред да се најде Агон Елези. Можеби во одбрана да се најде Имран Фетаи, но тоа е дилемата која ќе биде разрешена непосредно пред почетокот на мечот.

Се вчитува...