Можно е преместување на НБА натпреварите поради коронавирусот

Раководните лица на НБА лигата разговараа околу можно решение за одигрување на натпреварите во најсилната кошаркарска лига во светот. Американските медиуми пренесуваат дека можно е дел од тимовите кои се наоѓаат во најзагрозените градови во Америка своите натпревари да мора да ги играат во некој од градовите во кои нема заразени.

Во случај вирусот да „избрка“ некоја екипа од нејзината арена и град, постои можност натпреварите да се играат на паркетот на екипата која требало да биде гостин на тој меч. Исто така постои можност неутрални градови да бидат домаќини, но само во случај во тие да нема епидемија од коронавирус.

НБА овие опции ги подготвува само во случај доколку епидемијата продолжи, како би можело во нормален тек да продолжи сезоната. Најголемите ѕвезди излегоа со став дека не прифаќаат да играат пред празни трибини, бидејќи кошарката се игра за фановите. Сепак, Голден Стеј Вориорс објави дека наредните два меча на домашен терен ќе ги игра без присуство на гледачи.

Се вчитува...