Можно ли е – Реал секогаш триумфира на „Ел класико“ кога Роналдо НЕ ИГРА!

Реал Мадрид во сабота ќе ја пречека Барселона на „Сантијаго Бернабеу“ за 236. „Ел класико“, а „кралевите“ сметаат дека тоа е голема шанса да се намали предноста на „каталонците“ во однос на бодовите во шпанското првенство.

Како и секогаш, навивачите на Реал своите надежи ги положуваат кон Кристијано Роналдо кога станува збор за одлучување на средбата, но веста дека Португалецот може да не настапи поради ситна повреда дополнително ги загрижи. Но, ако се потпрат на статистиката, фановите на актуелниот шпански и европски првак ќе сфатат дека нивниот тим никогаш не загубил од Барселона кога Роналдо не бил на теренот, поточно Реал триумфирал на сите три „Ел класико“ средби на кои Роналдо не настапил.

Првиот пат се случи во сезоната 2012/2013, на средбата во Мадрид тогашниот предвоник на Реал, Жозе Мурињо го чуваше Роналдо бидејќи трката за првентството беше решена, додека натпреварот заврши со конечен исход од 2-1 со голот на Рамос по асиснтецијата на Модриќ.

Втората победа без Роналдо беше во сезоната 2013/2014, кога на „Камп Ноу“ Реал под водство на Анчелоти славеше повторно со 2-1 над Барселона, а решавачкиот гол го постигна Герет Бејл по познатиот негов спринт и претекнувањето на Бартра.

Последното „Ел класико“ се одржа на 16. август годинава во рамките од шпанскиот Супер – куп, а Роналдо немаше право на настап поради суспензија. Реал го обезбеди трофејот пред своја публика со резултат од 2-0 со головите на Асенсио и Бензема.

Петкратниот освојувач на „Златната“ топка досега постигнал 17 гола против Барселона, но статистиката во однос на победи/порази не е на негова страна. Роналдо севкупно славел седум пати против Барса, шест пати средбата се завршувала без победник, а дури 12 пати бил на страната на поразените.

Се вчитува...