Мрме не знае што е тоа победа во хрватскиот шампионат

Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски не знае што е тоа победа во Хрватска, откако и денеска доживеа нов пораз против Локомотива Загреб од 2-1 во дербито на дното како дел од 14. коло во првата лига.

Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Куленовиќ во 32. минута. На 1-1 израмни Фрук во 52. додека конечните 2-1 ги постави Горицан во 74. минута. Популарниот Мрме по неговото доаѓање во Горица успеа да освои само еден бод на гостувањето кај Шибеник, а во Купот на Хрватска помалку и среќно со гол во 93. минута славеше над нисколигашот Дубрава.

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...