Мрме со поплаки за хрватските судии: Се срамам од некои одлуки

Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски во шестиот свој натпревар на клупата на Горица го запиша и петтиот пораз, наспроти само едно реми досега во хрватскиот шампионат, овој пат на домашен терен од Хајдук со 0-1, по гол примен во 98. минута.

Хајдук беше многу подобар тим на теренот не реализирајќи бројни шанси уште во првото полувреме, но и пенал преку Ливаја во 59. минута од средбата. Но, тоа што не му успеа на Ливаја од пенал, му успеа во 98. минута кога буквално во последната секунда од средбата му донесе триумф на Хајдук.

По натпреварот Ангеловски и тоа како имаше што да каже за судењето на арбитрите на овој меч…

„Се срамам од некои одлуки. Се срамам. Ако некој мисли дека ќе не скрши, се лаже. Не го гледав видеото, но ако беше пенал со минимален контакт, тогаш не требаше да биде црвен картон и исклучување“, изјави популарниот Мрме. 

Се вчитува...