Мрме со четири измени во стартниот тим во однос на мечот со Словенија

Познати се официјалните состави за пријателскиот натпревар меѓу Македонија и Казахстан кој од 18 часот се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Четири измени има во стартниот состав на Игор Ангеловски во однос на претходниот пријателски натпревар со Словенија.

Во дефанзивата ќе ги нема Дарко Велковски и Бејтулаи, а ќе биде Кире Ристевски заедно со Муслиу и Стефан Ристовски. Сега со засилен среден ред со Костадинов, Стефан Спировски, Алиоски и Бобан Николов, а без Аријан Адеми. И во нападот покрај Пандев и Елмас сега ќе биде Иван Тричковски, место Александар Трајковски.

Се вчитува...