Мрме со ‘игра’ за репрезентативците: Да се однесе топката до голот на Украинците – како се знае и умее! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Букурешт,

Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски (ФОТО)

Македонската репрезентација го одработи официјалниот тренинг пред утрешниот втор натпревар на ЕВРО 2020, против Украина од 15 часот на националната арена во Букурешт.

Селекторот Игор Ангеловски, меѓу тактичко-техничката подготовка за репрезентативците, им наложи и техничка вежба на фудбалерите, на некој начин и „задолжителна игра кој ќе ја однесе топката до голот на Украинците – како знае и умее“… Ќе видиме утре кој бил најуспешен…

 

Се вчитува...