МТКФ ги избра најдобрите: Дејан и Јадранка Недеви лауреати за 2019 година

Mакедонската традиционална карате федерација ги избра најдобрите за 2019 година. Во сениорска конкуренција, кај мажите прогласен за најуспешен каратист е Дејан Недев, а кај жените Јадранка Недева.

Најдобар клуб е Работнички кој слави јубилеј 50 години постоење, додека кај младинците се одвои „Шихан“ од Струмица. Најдобар тренер кај сениорите е Венцислав Недев, а во младинска конкуренција Атанас Василев.

Самет Еседов и Мила Саздова се најдобри кај младинците, односно јуниорите, а во кадетска конкуренција Ведран Андоновски и Антонија Белазелкоска.

Награди им беа доделени и на најмалите категории во двете конкуренции.

МТКФ за придонес и развој на овој спорт во нашата држава им додели признанија и плакети на КК Работнички, Даниел Димевски од Владата на РСМ, Владимир Богоевски и Сашо Поповски од МОК, Зоран Михајлов – новинар, ветеранот Ристо Сакалиев и на македонските судии во традиционалното карате Ѓоко Томовски, Антонио Зврцинов, Сашо Спасовски, Љупчо Миленковски, Бојан Богдановски и на Берта Милевска.

Се вчитува...