Му дадоа отказ, па не му дозволија да се збогува со играчите

Поранешниот тренер на РБ Лајпциг, Оле Вернер, изрази незадоволство што не му беше дадена можност да се збогува со играчите и стручниот штаб по неговото изненадувачко отпуштање од клубот.

РБ Лајпциг ги отпушти Вернер и неговите помошници тренери Том Цихон и Патрик Колман и покрај она што многумина би го опишале како успешна дебитантска сезона – третото место во Бундеслигата и квалификациите за Лигата на шампионите.

Вернер одговори со писмо до играчите, персоналот и играчите во кое стои: „За жал времето на донесување на оваа одлука ми оневозможи да се збогувам со сите вас“.

Со 20 победи и пет нерешени резултати во 34 меча, Вернер има освоено повеќе поени од било кој друг претходен тренер во ЛАјпциг.

Се вчитува...